Ирачката војна ја зголемила заканата од тероризам

Главните весници во САД вчера објавија извадоци од доверлив документ наречен „Проценка од националното разузнавање“. Тоа е извештај што за Белата куќа периодично го подготвуваат вкупно 16-те разузнавачки агенции во земјата. Претходниот беше доставен до претседателот пред војната во Ирак. Најновиот, завршен во април, сугерира дека ирачката војна придонела за зголемување на терористичката закана бидејќи предизвикала подем на нова генерација на исламски радикали.

Белата куќа реагираше дека вообичаено не коментира доверливи информации, но дека деловите на извештајот за кои најпрво известија Њујорк Тајмс и Вашингтон Пост не ја отсликуваат неговата целина.

И во Конгресот одбиваат да коментираат. Сепак, во изјавата за Си-Ен-Ен, конгресменката Џејн Хармон - главниот демократ во Комисијата за разузнавање на Претставничкиот дом – се согласи дека војната во Ирак ја зголемила терористичката закана:

Тој одби да коментира на извештајот, заради доверливата природа на документот, но, кажа, секој разузнавачки аналитичар со кого разговарал го потврдили тоа.

Републиканецот Арлен Спектер – претседавач на Сенатската комисија за правосудство, за истата телевизија изрази слична загриженост, но ги повика членовите на Конгресот да ги прочитаат деталите од извештајот пред да донесат заклучок.

„Имам чувство дека војната во Ирак го интензивира исламскиот фундаментализам и радикализам и мислам дека тоа е поголем проблем“, вели Спектер.

Лидерот на републиканците во Сенатот Бил Фрист во изјавата за ТВ-мрежата Еј-Би-Си рече дека не го видел извештајот, но затоа подвлече дека Американците мора да ја разберат важноста на борбата против тероризмот во Ирак и на други места.

„Јас – како и мнозинството Американци – мислам дека мора да победиме во војната против тероризмот, каде и да се води“, смета Фрист.

На сродна тема, сенаторот Фрист рече дека очекува Конгресот неделава да усвои легислатива што ќе зацрта правила за испрашување и судење на лица осомничени за тероризам. Претседателот Буш врши притисок мерката да биде усвоена пред законодавците да заминат од Вашингтон на кампања за конгресните избори во ноември.