Претседателот Буш и германскиот канцелар Ангела меркел на заедничка прес-конференција повикаа на смирување на насилството. Буш е во посета на Германија воочи самитот на Групата 8 што ќе почне во сабота во Русија. Американскиот претседател коментираше дека најновите судири биле предизвикани од страна на, цитираме, терористи кои сакаат да го запрат ширењето на слободата“. Тој ја истакна важноста од зајакнување на демократијата во Либан и изрази загриженост дека израелското бомбардирање на аеродромот во Бејрут може да ја ослаби политичката моќ на владата на либанскиот премиер Фуад Синиора.
Буш потсети на врските на Сирија со Хезболах како и со палестинското терористичко движење Хамас и побара сирискиот претседател Башар ал Асад да покаже дали е за мир во регионот.
Во врска со Северна Кореја, Буш изјави дека Вашингтон и натаму е за мулти-национални разговори со цел да прекине нуклеарната програма на Пјонгјанг. Тој се надева дека Советот за безбедност на ОН ќе преземе мерки во одговор на севернокорејското тестирање на проектили минатата недела.