Претседателот Буш во одбрана на политиката на прислушување

Буш вели дека по терористичките напади на 11-ти септември 2001-ва, ја овластил Националната агенција за безбедност да ги „надгледува“ меѓународните разговори меѓу луѓе кои имаат врски со Ал-Каида и други терористички групи, велејќи - „Сакаме да знаеме што зборуваат.“

Но, во обраќањето од Белата куќа пред да замине за Мексиканскиот залив, господинот Буш подвлече дека програма има цел да спречи тероризам и не ги крши законите на САД:

„Приватноста на обичниот Американец силно е заштитена при сите наши активности. Не „влегуваме“ во личните животи на милиони невини Американци. Нашите напори се фокусирани на врските со Ал-Каида и нивните сојузници.“

Буш не потврди ниту демантираше дека владата ги поседува снимките од домашните телефонски разговори, ниту коментираше како тие можат да бидат искористени во понатамошната борба против тероризмот. Претходно, весникот Ју-Ес-Еј-Тудеј објави од анонимен извор дека Националната агенција за безбедност прислушувала разговори од најголемите телекомуникациски компании во Америка, ниту една во државна сопственост. Во извештајот се вели дека федералната влада немала намера да прави база на сите тефонски разговори во САД, туку ги прегледувала сите повици кои може да индицираат конверзација меѓу терористи.

Зборувајќи на оваа тема, претседателот Буш изјави дека американската влада не прислушува домашни телефонски разговори беа претходно судско одобрение и оти членовите на Конгресот се брифирани за програмата.

Но, неколкумина истакнати демократи и републиканци беа изненадени за програмата и повикаа на нејзино повнимателно спроведување во пракса.