За културното наследство и верските објекти допрва мора да се разговара, заедно со конкретните економски и инфраструктурни прашања. Меѓутоа во моментов, вели овој поранешен фински претседател, разговорите за децентрализација се концентрираат на главното прашање – подобрување на животот на косовските малцинства.
Ахтисари вели дека посетил општина близу Приштина и на состанок со граѓаните кажал дека за да се подобрат образовните и здравствените услуги – потребни се пари, но за да се подобрат меѓучовечките односи –треба само волја.
Сите на Косово имаат обврска да ја подобрат ситуацијата, вели Ахтисари, особено инсистирајќи на учество на Србите во процесот. „Кога ги повикуваме косовските Албанци да се движат напред, да бидат отворени и дарежливи, исто така е важно да им порачаме и на косовските Срби да учествуваат во процесот“.
Марти Ахтисари ова го изјави за новинарите откако претходно го информираше Советот за безбедност за посетата.