Џорџ Буш: „САД треба да се фокусираат на развивање во секторот на алтернативни енергетски извори“

Американскиот претседател вели дека целта е да се намали „зависноста“ на земјата од нафта.

„Потрошив многу време грижејќи се за импликациите врз националната безбедност поради зависноста од нафта, особено од делови во светот каде луѓето не се согласуваат со нашата политика и нашиот начин на живот“, рече Џорџ Буш.

Тој говореше во истражувачка лабараторија во сојузната држава Колорадо, што е финансирана од федерални средства. Буш подвлече дека Американците треба да ги прифат хибридните автомобили и алтернативните горива, како етанолот.

САД, смета претседателот, треба да се стремат кон нуклеарна, соларна и енергија од ветрот.

За волја на иронијата, со најновите кратења во федералниот буџет, токму во лабораторијата во која говореше беа елиминирани 30 работни места, но владата повторно ги врати на работа научниците на почетокот од оваа седмица. Претседателот Буш појасни дека до случајот дошло поради погрешна информација во врска со висината на средствата што се издвојуваат за лабораторијата. Тој се наоѓа на кампања ширум земјата за промоција на својата енергетска политика. Во понеделникот посети компании за истражување на технолошки и енергетски процеси во државите Висконсин и Мичиген.