Британија сомничава за добрата волја на Иран

Високиот претставник денеска кажа дека покажаната волја на Иран да го разгледа планот за збогатување на ураниум на руска територија е тактичко маневрирање.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров кажа дека дипломатско решение на проблемот е се уште можно, но рече дека Иран треба уште еднаш да го напушти збогатувањето на ураниумот пред да започнат нови разговори.

Русија и Кина се спротивставуваат на поставување санкции спрема Иран од ОН, и ги поттикнаа европските држави и САД прво да употребат дипломатија.

Британија, Германија и Франција планираат да свикаат итен состанок на Бордот на Меѓународната агенција за атомска енергија на 2 февруари, за да разговараат за неодамнешните ирански чекори за продолжување на збогатувањето на ураниумот.

Пратениците може да предложат Агенцијата да го предаде Иран на Советот за безбедност на ОН но Бриранија вели дека таков потег нема автоматски да води кон казнени мерки.