Охрабрувачки зборови од Стејт департментот за следните чекори на Македонија за членство во ЕУ

Американскиот Стејт департмент смета дека САД не треба да се произнесуваат по прашањето кое е во домен на релација Македонија - Европска Унија. Сепак беа кажани охрабрувачки зборови за следните чекори на државата на патот кон Европа. Ова е заменик- портпаролот Адам Ерели:

„Процесот за влез на Македонија во ЕУ очигледно е прашање што владата на Македонија и ЕУ треба да го решат. Ние ги поддржуваме аспирациите на Македонија да се приклучи на ЕУ, ги охрабруваме и поддржуваме реформите и активностите што Македонија треба да ги направи за да ги исполни барањата за членство во Унијата“, кажа господинот Ерели.