Прослава на Денот на независноста

Американците денес го прославуваат Денот на независноста со патриотски собири и паради. Тоа е и ден за oдмор, кога милиони одат на излет или уживаат во огномети и спортски настани.

Претседателот Буш во чест на празникот одржа говор во федералната држава Западна Вирџинија.

Централната прослава во Вашингтон вклучува парада со оркестри од целата земја, а вечерва по локално време пред зградата на Конгресот ќе се одржи традиционалниот концерт и големиот огномет.

САД го прославуваат 229-тиот роденден и со добредојде за новодојденците. И оваа година голем број странски државјани кои живеат во САД ќе го примат американското државјанство на официјални церемонии со полагање на заклетва. До крајот на неделата, државјанство ќе примат 15.000 лица.