Нејзиниот предлог е паричните казни што се однесуваат на политичките партии да важат и за медиумите.
„Морам да констатирам дека дојдовме во непријатна ситуација, и ние како Совет и вие како медиуми затоа што регулативата не обврзува тоа да го третираме како прекршок, меѓутоа ни останаа дилемите дали тоа така треба да биде и во иднина“, вели Илир Ајдини, заменик претседател на Советот за радиодифузија.
И додека аналитичарот Биљали смета дека почитувањето на молкот повеќе е прашање на политичка култура, а помалку норма, Роберто Беличанец од Центарот за развој на медиумите вели дека изборниот молк треба да се укине, бидејќи тоа во однос на медиумите значи цензура.
„Минимумот е бришење на одредбата со која што се дава во однос на некого, на било кого да замолкне медиум. Тоа е надвор од сите европски стандарди. Тоа е цензорска одредба, веројатно проблематична и од уставен апсект“, смета Беличанец.
Дводневниот изборен молк, што се применува во Македонија е пракса во Европа. Во Словачка тој е четири, а во Норвешка три дена.