Бројката на птиците во САД рапидно се намалува, покажува извештајот од Алијансата на научно-истражувачки групи. Исчезнувањето на нивните природни живеалишта, како и климатските промени се меѓу клучните фактори што придонесуваат за намалување на популацијата на птиците, стои во извештајот за Состојбата на птиците во САД за 2025 година.
Кај повеќе од 100 видови кои биле дел од истражувањето се заклучило дека бројот на единките достигнал до „пресвртна точка“, односно повеќе од половина од популацијата исчезнала во последните 50 години.
Извештајот открива дека бројот на птици во сите нивни природни живеалишта се намалува, вклучувајќи ги и патките, чија популација претходно се сметашр за безбедна.
„Единствената светла точка се водните птици, како што се чапјите и егрите, кои покажуваат одредено зголемување“, изјави за „Ројтерс“, Мајкл Пар, претседател на Американската организација за заштита на птици.
Падот на популацијата на патките падна за приближно 30% од 2017 година, но нивната вкупна бројка на живи единки сепак останува поголем од нивниот број во 1970 година, според соопштението од „Асошиејтед прес“.
„За околу еден од три видови птици (од вкупно 229 видови) во САД се неопходни итни мерки за нивно зачувување. Овие видови се дел од главните примероци во природните живеалишта во САД. Вклучуваат и видови кои долго време се сметаа за вообичаени “, изјави Аманда Родевалд, директорка на Лабораторијата при Ornithology Center for Population Studies.
Некои од птиците што се во опасност од исчезнување веќе се заштитени според Законот за загрозени видови на САД.