МВР за бегството на Груби

Your browser doesn’t support HTML5

Одговори Панче Тошковски на прашањето дали МВР и одстанатите институции имаат сознанија каде се наоѓа бегалецот Артан Груби, кој повеќе од еден месец е недостапен за надлежните.

Министерот за внатрешни работи имаше повеќе да каже во делот на постапката за утврдување одговорност за исчезнувањето на екс-вицепремиерот Груби, но сепак, се уште е нејасно дали станува збор за организирано бегство или не.

„Уште од првиот ден на бегството на Груби беа преземени дејства од страна на Одделот за внатрешна контрола во рамки на МВР, беше отворена внатрешна истрага и сето тоа што е обезбедено како доказен материјал по наредба на јавен обвинител е собрано и по наредба на обвинител е доставено, од апсект на тоа дали станува збор за организирано бегство, група или станува збор само за пропуст на предметниот полициски службеник.“, изјави Панче Тошковски, министер за внатрешни работи.

Засега, МВР има утврдено дека има одговорност кај полицаецот на граничниот премин кој го прошуштил Груби иако тој бил ставен на т.н „стоп-листа“.

„Од досега собраните докази кои ги имаме за да може да интервенираме во утврдена фактичка состојба во делот на службеникот - сме поднеле кривична пријава и се преземени чекори во насока на суспензија и во насоко на констатирање на негова вина, кривична одговорност согласно доказите кои се неспорни. Неспорно е дека полицискиот службеник не погледнува во мониторот и му дозволува да излезе. Тоа е неспорен факт и тука имаме кривична пријава. Во делот на тоа дали сето тоа било организирано, дали имало други вмешани итн, се води соодветна постпка од страна на Јавното обвинителство.“, изјави Панче Тошковски, министер за внатрешни работи.

По Груби уште од декември е распишана меѓународна потерница за предметот за финансиски малверзации во „Државна лотарија“, откако тој претходно, легално, преку граничен премин заминал за Косово. Само неколку дена пред неговото бегство, Груби се најде на американската црна листа, но поради вмеашност во корупција за предмети поврзани со Сашо Мијалков, тема која се уште е дел од дневно-партиските обвинувања меѓу власта и опозицијата.

„Артан Груби се најде и на црната листа на САД, каде имаат информации за криминал на Груби, а Оливер Спасовски кој беше МВР во Македонија немаше информации. Повеќе од јасно е дека СДС му го чуваше грбот на Груби, кој им беше гарант дека владата нема да падне. СДС и сега со Филипче го чува Груби, иако е не јасно кои се мотивите. Врската на СДС со Груби уште е цврста и тие немаат намера да се откажат од него.“, велат ВМРО-ДПМНЕ.

Од Груби се огради и неговата партија ДУИ која соопшти дека тој веќе не е нивни член. Социјалдемократите, кои седум години беа во владата во коалиција со ДУИ, го поздравија ставањето на Груби на американската „црна листа“ и повикаа на истраги без компромис. Постаките течат, но засега, во отсуство на бегалецот Груби.