„Денеска правиме голем и стратешики чекор кон градење побезбедна дигитална Македонија која е подготвена да се соочи со предизвиците на дигиталната ера. Заедно ќе се погрижиме граѓаните да бидат побезбедни, а државата покнкурентна“, изјави Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација.
Your browser doesn’t support HTML5
Ова образложение на министерот за дигитална трансформација следи откако владата ја усвои Националната стратегија за сајбер безбедност 2025–2028. Станува збор за документ кој има за цел да резултира со зајакнување на отпорноста и безбедноста на земјава чиј систем, до пред една година, беше честа мета на сајбер-напади, од компјутерски упади до закани за поставени бомби во институции и училишта.
Оваа стратегија обезбедува патоказ за затворање на постоечките празнини, заштита на критичната инфраструктура и поттикнување на дигитално опкружување каде што бизнисите можат да иновираат, граѓаните можат да напредуваат и институциите можат безбедно да работат.Андоновски, министер за дигитална трансформација
„Oваа стратегија претставува пресвртница во процесот на дигитална трансформација на државата. Како што видовме од сите досегашни сајбер напади врз критични сектори, заканите со бомби и координираните кампањи за дезинформација - ризикот и опасностите се тука. Тие закани ја нарушуваат довербата на јавноста, ги поткопуваат нашите институции и претставуваат значителен ризик за националната безбедност. Преземањето активности не е една од алтернативите, туку е единствен пристап што не дозволува одложување. Оваа стратегија обезбедува патоказ за затворање на постоечките празнини, заштита на критичната инфраструктура и поттикнување на дигитално опкружување каде што бизнисите можат да иновираат, граѓаните можат да напредуваат и институциите можат безбедно да работат.“, изјави Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација.
Стратегијата опфаќа пет стратешки цели – силни национални капацитети за сајбер-безбедност, отпорност на суштински објекти, општество отпорно на сајбер-напади, намалување на влијанието на потенцијалните инциденти и национална и меѓународна соработка.
За постигнување на овие цели стратегијата предвидува критични мерки кои, меѓу другото, опфаќаат формирање Национален совет за сајбер безбедност, создавање централизиран систем за одговор на инциденти, проширување на програмите за едукација и обука за сајбер безбедност....