Како се преуредува Белата куќа по вкусот на новиот претседател

Семејството на претседателот живее на вториот и третиот кат во Белата куќа.  

Кога Доналд Трамп ќе положи заклетва како 47-ми претседател на нацијата, ќе имa мноштво активности зад сцената во Белата куќа. Во текот на околу шест часа, личните работи на претседателот во заминување Џо Бајден и семејството ќе бидат изнесени од зградата, додека приватната резиденција ќе биде претворена во дом на новиот претседател.

Во моментот кога Џо Бајден ќе ја ја напушти Овалната канцеларија за последен пат - најверојатно на Денот на инаугурацијата - персоналот на Белата куќа почнува со преуредување на познатата просторија според вкусот на идниот претседател.

Your browser doesn’t support HTML5

Новиот „лик“ на Белата куќа

„Како сакаат Овалната канцеларија да биде опремена. Каков килим? Какви завеси, какво биро, итн, бидејќи тоа е првото нешто што треба да се подготви“, вели Анџела Рид, раководителка за преселба во Белата куќа.

Фотографиите покажуваат дека Бајден го сменил тепихот и некои столчиња во 2017 година откако ја презеде од Доналд Трамп – кој му претходеше и ќе го наследи.

Но, изгледа дека гарнитурата за седење и завесите останале исти.

Семејството на претседателот живее на вториот и третиот кат во Белата куќа.

Пред денот на преселувањето, идниот претседател и првата дама избираат каков мебел и уметнички предмети сакаат од колекцијата на Белата куќа. До пристигнувањето на новиот претседател дома на Денот на инаугурацијата, мебелот е на место, а личните семејни фотографии се на ѕидовите.

Кога се вселуваат новиот претседател и првата дама, тие го имаат омилениот шампон во бањата, четка и паста за заби и облеката им е во плакарите, вели Кејт Андерсен Бровер, авторка на „Резиденција“

Сето тоа се случува за помалку од шест часа со околу сто вработени во Белата куќа.

Не се тоа професионални работници за преселба. Персоналот во резиденцијата го прави тоа, заради што сите треба да се појават на работа иако не се луѓе обучени за тоа. Од безбедносни причини не се ангажираат професионалци.

Многумина од резиденцијата на Белата куќа работеа за Доналд Трамп за време на неговиот прв мандат од јануари 2017 до јануари 2021 година.

На персоналот навистина им се допадна Доналд Трамп, бидејќи тој е навикнат да има луѓе околу него да му служат. // знаете, тој одеше наоколу давајќи бакшиш на персоналот во готовина, делеше банкноти од 20 и 50 долари и тие го ценат тоа. Тие не се политички. Тие само гледаат како претседателот се однесува со нив.

Претседателот Барак Обама ја ангажираше Анџела Рид да го води домаќинството во Белата куќа во 2011 година и раководеше со исселувањето на Обама кога Трамп влегуваше во 2017.

Има и мали проблеми, како на пример користењето на само еден лифт.

Лифтот не беше целосно искористен. Така, јас ја презедов обврската еден час од тоа време, практично да управувам со лифтот. Исто така имавме случај душек за една специфична просторија, да не е со потребната големина.

Но, главниот предизвик е секогаш временското ограничување. Имаат само околу шест часа да се подготви сè за да го пречекаат новото претседателско семество што ќе има дом во Белата куќа.