Вашингтон - Со 30 милји црна привремена ограда, 25.000 полицајци и безбедносни контролни пунктови подигнати за да го регулираат преминувањето на стотици илјади посетители, Вашингтон се подготвува за инаугурацијата на новоизбраниот претседател Доналд Трамп.
Церемонијата на полагање заклетва на скалите на Капитол и парадата до Белата куќа ќе следи по викендот со протести на противниците на Трамп и забави и митинзи на приврзаниците на републиканскиот претседател.
Инаугурацијата доаѓа на крајот на политичката кампања обележана со два обиди за атентат врз Трамп.
Самата инаугурација, каде Трамп формално ќе положи заклетва пред членовите на Конгресот и Врховниот суд, ќе се одржи на скалите на Капитол, со поглед кон Обелискот - споменикот Вашингтон.
На церемонијата ќе присуствуваат членови на новата администрација, како и десетици илјади набљудувачи.
Тоа е истата локација каде што, на 6 јануари 2021 година, илјадници поддржувачи на Трамп искршија прозорци, се тепаа со полицијата и насилно упаднаа во Конгресот во обид да ги поништат резултатите од изборите во 2020-ра, на кои Трамп беше поразен од Демократскиот претседател Џо Бајден.