Протести до нови колективни договори - дел од администрацијата бара повисоки плати

Your browser doesn’t support HTML5

Се протестираше пред министерствата за култура, економија, шумарство, транспорт, правда, животна средина и дигитална трансформација како и пред државниот завод за статистика и државниот архив.Според УПОЗ платите на вработените во министерствата каде од денес почнаа протестите се далеку под просечната плата во државата и се движат од 25 до 30 илјади денари. Вработените во државното правобранителство кои минатата недела стапија во штрајк, наместо колективен договор добија решенија за намалени плати. Протестите ќе се одржуваат секој ден во периодот од 11 до 12 часот а од УПОЗ најавија дека во петок ќе се одржат министерството за финансии.