Историја за намалување на владините трошоци во САД

Your browser doesn’t support HTML5

Трамп вети дека ќе ги намали владините трошоци кога ќе ја преземе функцијата во јануари. Тој ги задолжи Илон Маск и Вивек Рамасвами да го предводат Одделот за владина ефикасност, што се предлага да биде советодавно тело на претседателот додека има потреба, што е сосема нов концепт.

Бизнисменот и милијардерот Илон Маск, копреседавач на Одделот за владина ефикасност, што се предлага да биде советодавно тело на претседателот, сака да намали два трилиони долари годишно од федералните трошоци.

Во последната фискална година, американската влада потрошила 6,75 трилиони долари. Две третини од федералните трошоци се задолжителни, што значи дека се диктирани со закон и вклучуваат програми како што се социјалното осигурување и здравствена заштита или Медикер. Трошоците, коиги одредуваат претседателот и Конгресот секоја година, најмногу се користат за одбрана.

Ова не е првпат американски претседател да вети намалување на владините трошоци.

„Претседателите, на еден или друг начин, за намалување или редуцирање на улогата на владата, од основањето на САД“, вели Џастин Вон од Универзитет во Каролина.

Се започна со Томас Џеферсон, третиот претседател на Америка, кој беше на функција од 1801 до 1809 година. Џеферсон беше посветен на идејата за помала влада. Тој се залагаше за намалување на бројот на федерални работници, елиминирајќи ги воените и владините работни места.

Резултат? Државните трошоци биле привремено намалени.

Во 30-тите и 40-тите, Френклин Д. Рузвелт ја прошири федералната работна сила за да се справи со Големата депресија. Со неговиот таканаречен „Нов договор“ привремено биле вработени милионилица. Целта на програмата била да обезбеди помош за сиромашните, истовремено стимулирајќи го економското закрепнување и финансиските реформи. Работните места биле укинати со заврѓување на кризата.

Во 80-тите, Роналд Реган рекол дека владата е проблемот. Тој ја формирал „Комисијата Грејс“ и побарал од групата од околу 150 бизнис лидери да му помогнат да најде начини да ја елиминира неефикасноста.

„Претседателот Реган побара од Комисијата Грејс да испита како владата може да функционира повеќе како бизнис, а тој исто така рече дека тие треба да работат наелиминирање на расипничкото трошење“, вели Томас Шац од Граѓаните против владините трошоци.

Шац вели дека напорите на Комисијата Грејс за елиминирање на расипничкото трошење заштедилемилијарди долари, но на веб-страницата на претседателската библиотека Роналд Реган се вели: „Повеќето препораки, особено оние кои бараат законодавство од Конгресот, никогаш не беа спроведени“.

Сепак, некои историчари велат дека трајното влијание на Реган било во менувањето на размислувањето во корист на помала улога на федералната влада во решавањето на јавните проблеми.

Во 90-тите, Бил Клинтон работеше на иницијатива да ја подобри работата на владата. Резултатот беше кратење на 300.000 федерални работни места, главно преку пензионирање и аутсорсинг на услуги.

„Секако тоа беше една од позначајните администрации во однос на намалувањето на улогата на владата во модерната ера“, додава Вон.

За време на неговиот прв мандат, Трамп нареди федерално замрзнување на вработувањата и предложи намалувања на некои федерални агенции. Сега, тој се надева дека неговиот Оддел за владина ефикасност, предводен од Маск и Рамасвами, ќе му помогне да ја заврши работата. Некои ја доведуваат во прашање мудроста да се преземе деловен пристап за водење на владата.

„Кога водите бизнис, вие сте одговорни пред вашите акционери. Вашата цел е да заработите пари. Кога си влада, ти си одговорен пред народот. Вашата цел не е да заработите пари. Вашата цел е да давате услуги и да ја браните нацијата“, вели Џејмс Гросман од американското историско здружение.

Гросман вели дека независната канцеларија за одговорност на владата е најдоброто решение за пронаоѓање владини измами и намалување на трошоците.

„Има многу измами и расипништво во приватниот сектор, така што не сум сигурен дека бизнисмените се нужно најдобрите луѓе за да дознаат, дури и да откријат измами и расипништво“, додава Гросман.

Додека претходните обиди за намалување на владата имаа ограничен успех, дигиталната ера може да им олесни на Трамп и неговите сојузници да ја пренесат својата поента.

Со социјалните мрежи може полесно и побрзо да дојдат до одговор. Членовите на Конгресот имаат тенденција да одговараат повеќе на социјалните медиуми отколку на старомодните писма што ги добиваа во минатото“, вели Шац.