Новата администрација нема да ја промени посветеноста на Америка кон демократските принципи, вели сенаторот Кардин

Членот на Конгресот од редовите на демократите, со шеесетгодишно политичко искуство, истакна дека американскиот надворешно-политички пристап е посветен на демократските принципи.

Вашингтон - „Американската надворешна политика се заснова на цврсти принципи и систем на вредности. И не мислам дека тоа ќе го промени доаѓањето на новата администрација“, изјави сенаторот Бен Кардин - претседател на тековната седница на Комитетот за надворешна политика на американскиот Сенат.

Членот на Конгресот од редовите на демократите, со шеесетгодишно политичко искуство, истакна дека американскиот надворешно-политички пристап е посветен на демократските принципи.

„Тоа значи поддршка на човековите права, борбата против корупцијата, демократизацијата - тоа е она во што веруваме. И ние сме подготвени да ги жртвуваме краткорочните достигнувања заради исполнување на долгорочните цели. И, не е секогаш едноставно. И ова е во целосна спротивност со автократските режими кои користат сила и корупција за да добијат придобивки“, рече овој влијателен американски сенатор.

Пример за тоа е Украина, како и земјите низ светот кои се цел на автократи“, рече сенаторот Кардин - за време на дебатата во Атлантскиот совет на Вашингтон, одржана по повод неговото пензионирање.

Кардин го изрази своето верување дека американското вклучување им помага на луѓето кои копнеат за слобода и демократија да ги реализираат своите аспирации.

„Во текот на 1987 година, бев на контролниот пункт Чарли, еден од најпознатите премини меѓу Источен и Западен Берлин за време на Студената војна, каде што разговарав со жителите на Источен Берлин кои долго ја очекуваа слободата. Имаа надеж. Две години подоцна се вратив со чекан и помогнав да се урне Берлинскиот ѕид. Денес Берлин е полн со живот и обединет. Не смееме да се откажеме од надежта, нашите вредности и демократските принципи. „Премногу луѓе во светот зависат од американскиот ангажман и надворешната политика врз основа на нашиот вредносен систем“, рече Кардин во Атлантскиот совет.