САД побарале од Украина како ќе ги користи против-пешадиските мини

Русија и Украина извршија масовни напади со беспилотни летала во средата, додека американски официјален претставник потврди дека САД наскоро ќе обезбедат противпешадиски мини за употреба од страна на украинските сили.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека соборила околу 50 украински беспилотни летала, при што биле пресретнати регионите Новгорад, Курск, Ориол, Белгород, Тула, Твер, Брјанск, Москва и Смоленск.

Воздухопловните сили на Украина соопштија дека Русија нападнала со 122 беспилотни летала, а украинската воздушна одбрана соборила 56 од нив.

Воздушните напади беа насочени кон украинските региони Черкаси, Чернихив, Днепропетровск, Доњецк, Харков, Хмелнитксиј, Кироворад, Киев, Миколаев, Полтава, Суми, Запорожје и Житомир.

Американски функционер рече дека САД доцна во вторникот побарале обврски од Украина за тоа како ќе ги користи противпешадиските мини, со очекување тие да бидат распоредени само на украинска територија во областите каде што не живеат украински цивили.

Официјалноот лице на САД укажа и на функцијата на мините, за кои рекоа дека е потребна батерија за работа и нема да се активираат кога батеријата ќе се испразни по период од неколку часа до неколку недели.

Случувањата уследија по првото распоредување на Украина на балистички ракети со долг дострел доставени од САД во нападот врз Русија.