Пограничната област во Тексас со генерации ги поддржуваше демократите, но Трамп победи на овие избори

Во округот Стар во Тексас, гласачите го поддржаа републиканскиот претседателски кандидат за прв пат по еден век.

РИО ГРАНД СИТИ, Тексас (АП) - Семејството на Хорхе Базан живее на границата меѓу САД и Мексико со генерации и гласало за демократите онолку долго колку што се сеќава.

Тој оваа година ја прекрши семејната традиција и гласаше за Доналд Трамп бидејќи не верува во економската политика на Демократската партија.

„Мислам дека заборавија на средната класа“, рече Базан, кој работи за комуналното претпријатие во Рио Гранде Сити, регион каде живее голема латимо-американска заедница.

„Луѓето страдаат во моментов. Сè е многу скапо. Регионот Јужен Тексас - кој се протега од Сан Антонио до долината Рио Гранде - долго време беше упориште на демократите.

Сепак, малкумина демократи очекуваа драматично престројување што се случи во вторникот, кога Трамп освои неколку окрузи долж границата, вклучувајќи ги Хидалго и Камерон, двете најнаселени окрузи во долината Рио Гранде.

Во округот Стар, каде живее Базан, гласачите го поддржаа републиканскиот претседателски кандидат за прв пат по еден век.

Руралната област со доминантна латино-американска и работничка класа, со просечен приход на домаќинството од 36.000 долари годишно, што е еден од најниските во нацијата, му даде на Трамп 16 процентни поени предност за победата над потпретседателката Камала Харис.

Околу 2 милиони жители живеат во најјужната точка на Тексас, меѓу огромните делови од обработливо земјиште и многу државни и федерални агенти кои патролираат на границата.

Победата на Трамп во долината Рио Гранде јасно покажаа како гласачите од работничката класа на национално ниво се насочуваат кон републиканците.

Тоа ги вклучува гласачите на границата со Тексас, каде што многу демократи долго време тврдеа дека ветените мерки на Трамп против имиграцијата ќе ги одвратат гласачите да гласаат за него.