Капсулата Спејс Икс со екипажот се приземји со падобран во близина на брегот на Флорида

Тројцата Американци и еден Русин требаше да се вратат пред два месеци.

Кејп КАНАВЕРАЛ, Флорида (АП) - Четворица астронаути се вратија на Земјата во петокот по речиси осуммесечен престој во вселенската станица, пролонгиран поради проблемите со вселенската капсула на Боинг и ураганот Милтон.

Капсулата SpaceX со екипажот се приземји со падобран пред зори во Мексиканскиот залив веднаш до брегот на Флорида, откако се откачи од Меѓународната вселенска станица на пат кон Земјата, кон средината на неделата.

Тројцата Американци и еден Русин требаше да се вратат пред два месеци.

Но, нивното враќање дома беше пролонгирано поради проблемите со новата астронаутска капсула на Боинг Старлајнер, која се врати празна во септември поради безбедносни предизвици.

Потоа се вмеша ураганот Милтон, проследен со уште две недели силен ветер и немирно море.

SpaceX ги лансираше четворицата - Метју Доминик од НАСА, Мајкл Барат и Жанет Епс и рускиот Александар Гребенкин - во март.