Се вее македонското знаме во Њујорк

Македонско и американско знаме во Њујорк

По повод Денот на независноста на Северна Македонија, државниот секретар Ентони Блинкен рече:

“Во име на Соединетите Американски Држави, им ги честитам на македонскиот народ 33 години од независноста и историскиот избор на вашата прва жена претседател. Го цениме нашето силно партнерство со Северна Македонија фокусирано на градење на просперитетна демократија закотвена во евроатлантската заедница.

Your browser doesn’t support HTML5

Се развиори македонското знаме во Њујорк за Денот на независноста

Американскиот народ и народот на Северна Македонија споделуваат посветеност на демократските вредности. Со нетрпение очекуваме да ја продолжиме нашата заедничка работа за промовирање на тие вредности, зајакнување на безбедноста и стабилноста и продлабочување на економските врски во регионот. САД ќе продолжат да го поддржуваат нашиот сојузник, Северна Македонија на нејзиниот европски пат во годините што следат”, рече Блинкен.

Покрај честитките од Стејт департментот и американската амбасада во Скопје, и Обединетата македонска дијаспора ОМД орзанизира настан во соработка со градот Њујорк по повод Денот на независноста на С.Македонија, 8-ми септември, со кревање на македонското и американското знаме и интонирање на македонската химна на познатата улица Вол стрит во Њујорк.

На настанот присуствуваа македонскиот амбасадор во САД Зоран Попов, конзулот Никола Ѓорчев, како и почесниот конзул на Њу Џерси Славко Маџаров.

Елена Бимбилоска од Manhattan College of Music ja отпеа химната.