Армијата на Северна Македонија доби нов началник на Генералштабот. Станува збор за генерал-мајорот Сашко Лафчиски.
Претседателката и врховен командант Сиљановска-Давкова го потпишала указот за поставување на Лафчиски за началник на Генералштабот.
Your browser doesn’t support HTML5
47-годишниот Лафчиски досега беше командант на Првата пешадиска бригада. Голем дел од кариерата ја поминал во армиските специјални единици. Досегашниот началник на Генералштабот, Васко Ѓурчиновски ќе биде советник на Лафчиски. Свеченото примопредавање на должноста ќе се одржи на Денот на армијата, 18 Август.