Главниот осомничен во Виена планирал самоубиствен напад

Your browser doesn’t support HTML5

Министерството за внатрешни работи се уште официјално не го потврдува неговиот идентитет. Но, од австриската полиција информираа дека станува збор за 19-годишниот Беран А, и беше објавен и неговиот изглед. Повеќе детали од Владимир Мирчески од Скопје.

Беран Алији е името на првосомничениот за планираниот терористички напад во Виена. Министерството за внатрешни работи се уште официјално не го потврдува неговиот идентитет. Но, од австриската полиција информираа дека станува збор за 19-годишниот Беран А, а беше објавен и неговиот изглед.

Станува збор за австриски државјанин, со потекло од Северна Македонија. Австриската полиција од македонските колеги побарала дополнителни информации за Беран, за неговото семејство, дали тој доаѓал во земјава и дали бил сомнителен за домашните безбедносни служби.

Деветнаесетгодишникот бил уапсен вчера во Терниц зашто планирал терористички напади за време на концертите на американската поп-ѕвезда Тејлор Свифт. Според австриските власти тој ја признал намерата. Нападите требало да ги изврши со експлозив, но и со ладно оружје пред стадионот кога требало да има многу луѓе кои влегувале на концертот. Според надлежните, тој сакал да се самоубие, но и да убие што е можно повеќе луѓе.

Австриската полиција информира дека дојавата за потеницјален терористички напад дошла од странска разузнавачка служба. Во куќата на Беран Алији биле пронајдени ножеви, екслпозив и детонатори.

Тој имал двајца помошници кои исто така се уапсени. Едниот од нив бил обезбедување на стадионот каде требаше да се одржат концертите на американсаката поп-ѕвезда.

Настапите на Тејлор Свифт планирани за наредните денови во Виена се откажани.