Oд Парламентот во Скопје пратени пораки Сребреница да не се повтори.

Your browser doesn’t support HTML5

„Што всушност значи Сребеница? Сребреница е симбол на страдање. Сребреница е живот низ болка. Таа е симбол на преживување, симбoл на мајките од Сребреница, таа е симбол кој треба да воведе морална норма – да се биде на страната на вистината и на жртвите. “ Повеќе од Владимир Мирчески од Скопје.

„Што всушност значи Сребеница? Сребреница е симбол на страдање. Сребреница е живот низ болка. Таа е симбол на преживување, симбoл на мајките од Сребреница, таа е симбол кој треба да воведе морална норма – да се биде на страната на вистината и на жртвите. “

Во Собранието денеска, со ден задоцнување, беше одбележан 11 Јули - Меѓународниот ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница. Пред 29 години, во период од десетина дена во околината на Сребреница, единици на војската на босанските Срби убиле илјадници босански муслимани.

„Се надевам дека за една година отсега, на 30-годишнината од Сребреница, ќе можеме да кажеме дека отворените рани од минатото конечно да почнат да зацелуваат. За жал, се уште трае траумата и болката каој семствата на загинатите, но и кај зедниците и општествата.“, изјави Сеад Џигал, комуниколог.

Денеска од парламентот беа пратени пораки Сребреница да не се повтори.