„Што всушност значи Сребеница? Сребреница е симбол на страдање. Сребреница е живот низ болка. Таа е симбол на преживување, симбoл на мајките од Сребреница, таа е симбол кој треба да воведе морална норма – да се биде на страната на вистината и на жртвите.“, изјави Џемил Бектовиќ.
Во Собранието денеска, со ден задоцнување, беше одбележан 11 Јули - Меѓународниот ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница. Пред 29 години, во период од десетина дена во околината на Сребреница, единици на војската на босанските Срби убиле илјадници босански муслимани.
„Се надевам дека за една година отсега, на 30-годишнината од Сребреница, ќе можеме да кажеме дека отворените рани од минатото конечно да почнат да зацелуваат. За жал, се уште трае траумата и болката каој семствата на загинатите, но и кај зедниците и општествата.“, изјави Сеад Џиган, политиколог.
Денеска од парламентот беа пратени пораки Сребреница да не се повтори.
„Мирот, владеењето на правото, соживотот, демократијата и почитувањето на човековите права се круцијални вредности што треба да ги чуваат, негуваат и надградуваат сите цивилизирани и демократски општества, во ерата на глобализацијата, кога од нашето поблиско, но и подалечно опкружување, се уште стигнуваат вознемирувачки вести за воени судири, истакна претседателот на Собранието на Северна Македонија Африм Гаши.
На 23 мај годинава Генералното собрание на ОН усвои резоулиција со која го означи 11 јули како Меѓународен ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница што се случи во 1995. Истовремено, во резоулцијата се осудуваат какви било обиди за негирање на геноцидот како историски настан како и какви било глорификации на осудените за овие настани.
„Она што се случи во 2024 година е вистински храбар чекор кој буди голема гордост – Собранито на ОН донесе резолуција која е значаен чекор кон одбележување на овој ден. Нашата држава не само што гласаше за оваа резолуција, туку и беше коспонзор.“, истакна Мерсиха Смаиловиќ од Здружението Диванхана.
Властите во Белград реагираа на ваквиот потег на официјално Скопје. Но, според дел од учесниците, токму носењето на ваквата резолуција ќе овозможи формирање глобална свест и внимание за трагедијата од пред речиси 30 години.
„Правдата преку заслужената казна за сторителите треба да биде нашата омраза. Не смееме да дозволиме да мразиме како што тие мразат зашто така нема да се разликуваме од нив.“, изјави Сафет Бишевац.