Бугарија ќе бара заклучоци за Северна Македонија во Брисел

Your browser doesn’t support HTML5

Бугарија го отвори прашањето за Северна Македонија на дводневниот самит на лидерите на Европската Унија во Брисел.

Својата намера Софија ја обелодени денеска наутро, во пресрет на состанокот на Европскиот совет, преку соопштение во кое најави дека премиерот на техничката влада, Димитар Главчев, ќе бара во заклучоците од собирот да вклучен и текст за Северна Македонија.

„Премиерот ќе побара од Европскиот совет да ги потврди заклучоците од 14 декември 2023 година, како и заклучоците на Советот за Северна Македонија и Албанија од 18 јули 2022 година и да ја повикаат Северна Македонија да ги преземе чекорите наведени таму за да постигне напредок на нејзиниот пат кон европската интеграција“, пишува во соопштението.

Тоа всушност би значело на земјава да и се повтори дека мора да ги почитува Преспанскиот и договорот за добрососедство, првиот потпишан со Грција, вториот со Бугарија.