На американски новинар му се суди во Русија поради обвиненијата за шпионажа; тој и Вол Стрит Журнал негираат

32-годишниот новинар се појави во Судот со избричена глава и облечен во црно-сина карирана кошула.

ЕКАТЕРИНБУРГ, Русија (АП) - Новинарот на Вол Стрит Журнал, Еван Гершкович, во средата беше на судење зад затворени врати во Екатеринбург, 15 месеци по неговото апсење во градот на планините Урал под обвинение за шпионажа што тој, неговиот работодавец и владата на САД жестоко ги негираат.

32-годишниот новинар се појави во Судот со избричена глава и облечен во црно-сина карирана кошула.

Новинарите беа пуштени во судницата неколку минути пред да се затвори постапката.

Исто така накратко им беше дозволено од Судот да присуствуваат двајца конзуларни службеници од Амбасадата на САД во Москва, според Амбасадата.

Џеј Конти, извршен потпретседател и генерален советник на Дау Џонс, го опиша судењето како лажирано, во интервју за Асошиетед прес.