„Се подготвувам за непријатната ситуација за која зборува Мицотакис“ е одговорот на мандатарот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на грчкиот премиер во која тој предупреди дека Преспанскиот договор мора да се спроведува дословно и дека нема простор за т.н двојна формула – уставното име - надвор, а Македонија за дома.
Your browser doesn’t support HTML5
Христијан Мицкоски, лидер на ВМРО-ДПМНЕ и мандатар смета дека има аргументи на негова страна со кои, како што вели, ако има потреба ќе аргументира во Вашингтон каде идниот месец се одржува Самит на НАТО, и што најверојатно ќе биде првата можност за средба меѓу него и Мицотакис.
Мицкоски вели дека неговата земја доволно била манипулирана и дека нејзиното интегрирање во ЕУ треба да биде само врз база на Копенхашките критериуми.
Мојот интерес е да градиме мостови, а не да ги уриваме, да разговараме врз основа на аргументи и факти. Јас сум подготвен да разговарам со факти, не само на НАТО самитот, туку каде било и во Атина, и во Скопје и во Брисел...Мицкоски, мандатар
„Се подготвувам, јас сум човек кој сака предизвици и би сакал да го видам тој предизвик. Мојата позиција е јасна и тука никој не треба да има дилема. Ако во Европа постојат, а верувам дека не постојат европски политичари кои се опишуваат како модерни, современи, политичари на 21 век, а сепак, имаат во себе талибански мотиви, па сакаат да го загрозат човековото право кое е заштитено со многу меѓународни конвенции, тогаш јас сум подготвен со тие луѓе да аргументирам и дебатирам. Мојот интерес е да градиме мостови, а не да ги уриваме, да разговараме врз основа на аргументи и факти. Јас сум подготвен да разговарам со факти, не само на НАТО самитот, туку каде било и во Атина, и во Скопје и во Брисел... Ако ги слушавме тие пораки ние денеска веќе требаше да почне ратификацијата на протоколот за влез на Македонија во ЕУ зашто се сеќавам како дел од политичарите кои сега се гласни за Преспанскиот договор, пред 6 години ми велеа в очи – „Христијан само уште ова да помине, и за 5-6 години сте во ЕУ“. Сега би сакал да ги погледнам во очи и да им кажам дека се нечесни, дека даваат лажни изјави и дека го манипулираат овој мал, скапоцен народ во срцето на Балканот. Се додека има манипулации и двојни стандарди и се додека не се држиме до Копенхашките критериуми, ќе ни се случуваат вакви анахрони изјави, талибански методи и враќање во Средниот век“, изјави мандатарот Мицкоски.