Судот го одложи судењето по даночни обвиненија врз Хантер Бајден, но не и за друг престап

На Хантер Бајден, синот на американскиот претседател Џо Бајден, треба да му се суди за федерални даночни обвиненија во септември, откако судијата во средата го одобри неговото барање за одложување на судењето, кое се приближуваше следниот месец.

На Хантер Бајден сè уште треба да му се суди на 3 јуни за федерални обвиненија за поседување оружје во случај во државата Делавер.

Тој се изјасни за невин по двете обвиненија, за кои неговите адвокати тврдат дека се политички мотивирани.

И двата случаи ги водат судии номинирани од тогашниот претседател Доналд Трамп, републиканец кој е во кампања во претседателската трка во 2024-та.