Дали имигрантите можат да гласаат на изборите во САД?

Your browser doesn’t support HTML5

Дали имигрантите можат да гласаат на изборите во САД? Одговорот е „не“ се додека не добијат државјанство. Државјанството е долг процес кој започнува со добивање зелена карта, позната и како карта за постојан жител. Алин Барос од Гласот на Америка го објаснува процесот.

Имигрантите кои не се државјани на САД не можат да гласаат на федералните избори. Оние кои ќе станат државјани можат да гласаат на сите избори во САД откако ќе положат заклетва на верност и ќе се регистрираат за гласање.

Првиот чекор кон државјанство е да се добие „зелена карта“ која дава легален постојан престој. Едно лице може да добие зелена карта преку семејно спонзорство, вработување како и на статус на бегалец или азилант, меѓу другото.

Во повеќето случаи, имигрантите се подобни за државјанство откако ќе станат носители на зелена карта и ќе живеат во САД пет години.

Ова е намалено на три години доколку се во брачен однос со државјанин на САД.

Чекорите за да станете државјанин на САД вклучуваат исполнување на условите за подобност, поднесување барање за државјанство, интервју и испити по англиски и граѓански науки но, и полагање заклетва за лојалност на церемонијата за државјанство.

Општо земено, постојат исклучоци и посебни одредби за одредени групи, како што се воен персонал, сопружници на државјани на САД стационирани во странство и деца на државјани на САД.

Сопружниците на државјаните на САД кои се стационирани во странство поради нивното вработување во американската влада, вклучително и воената служба, може да се квалификуваат за државјанство според одредбата што им овозможува да го заобиколат условот за престој и да аплицираат за државјанство додека престојуваат надвор од САД.

Откако ќе станат државјани, поединците имаат право да гласаат на сите федерални, државни и локални избори, вклучително и претседателските избори.

Оние кои не се државјани, вклучително и на носителите на зелена карта, им е забрането да гласаат на сојузните, државните и повеќето локални избори во САД. Секој кој ќе биде фатен како гласа незаконски се соочува со парични казни или затворски казни и можно е протерување од САД.