Салај, Репортери без граници: „Медиумите се поларизирани, но има помалку физички напади врз новинари во Северна Македонија“

Позитивен фактор е постоењето на силни новинарски здруженија и граѓанско општество кои ја бранат слободата на медиумите. Негативната страна е што медиумите и општеството, како што можеме да видиме, се поларизирани во Северна Македонија, вели Салај од Репортери без граници.

„Северна Македонија и Црна Гора се најдобро рангирани земја во Западен Балкан. Но, тоа не значи дека тие се многу различни од другите во регионот. Кај нив, изборите доведоа до политички промени. Власта ја презеде политичка опција, различна од претходната структура. Овој вид на промена е важен за зачувување на слободата на медиумите“, изјави Павол Салај, шеф на бирото за ЕУ и Балкан во Репортери на граници во ексклузивното интервју за српската редакција на Гласот на Америка.

Тој наведува негативен тренд во Србија, каде што претседателот Александар Вучиќ е долго време на власт.

„Исто како и во Албанија, каде веќе неколку години е ист случај со премиерот Еди Рама. Постојат политички и судски притисоци врз медиумите и во Црна Гора и во Северна Македонија. Во Црна Гора бевме сведоци на напори за поткопување на независноста јавниот радиодифузен емитувач преку спроведување на нов модел на финансирање. Тоа беше прилично негативна епизода - иако на крајот законот беше сменет на поинаков начин и работите тргнаа во добра насока“, вели тој.

Запрашан, дали предусловите се исполнети за да се постигне поголема слобода на медиумите во Северна Македонија со оглед дека е единствената земја од Западен Балкан што постигна напредок во Индексот за слобода на медиумите на Репортери без граници, Салај, се осврна дека веќе укажал на политичките промени со избори, кои се повеќе или помалку, вообичаени во Северна Македонија.

Негативната страна е што медиумите и општеството, како што можеме да видиме, се поларизирани во Северна Македонија. За среќа, има помалку физички напади врз новинари во Северна Македонија
Салај, Репортери без граници

„Проблемот е што двата главни политички табора во Северна Македонија имаат – со слободно толкување, „свои“ медиуми кои им служат на нивните политички интереси. Позитивен фактор е постоењето на силни новинарски здруженија и граѓанско општество кои ја бранат слободата на медиумите. Негативната страна е што медиумите и општеството, како што можеме да видиме, се поларизирани во Северна Македонија. За среќа, има помалку физички напади врз новинари во Северна Македонија - но и покрај ова, нивната безбедност е кревка“, изјави Павол Салај, шеф на бирото за ЕУ и за Балкан во „Репортери на граници“, осврнувајќи се на состојбата со медиумите во Северна Македонија.

Според него, позитивна околност во Северна Македонија беше забраната за рекламирање во медиумите на државните и локалните власти.

„Но, новиот закон за медиуми ја менува таа ситуација во Македонија. Иако Северна Македонија напредува според Индексот на слободата на медиумите, и ако се погледне неговиот вкупен резултат, ситуацијата во таа земја, исто така, малку се влошува“, предупредува Салај, шеф на бирото за ЕУ и за Балкан во Репортери на граници, во интервјуто за српската редакција на Гласот на Америка.

Според него, ако Северна Македонија и покрај негативните трендови напредува за неколку места на Индексот - тоа значи дека другите земји во регионот бележат подрастично влошување на слободата на медиумите.