Герасимов, која денеска во Скопје се сретна со дел од владиниот врв, не крие дека Москва ги корсити сите можни начини за сеење несигурност и валкање на ЕУ перспективата на Молдавија. „Но, Русија нема да успее во своите намери“, тврди вицепремиерката.
Минатата седмица во Вашингтон се одржа Стратешкиот дијалог меѓу САД и Молдавија на кој „двете страни ја потврдија својата посветеност за обезбедување слободни и фер избори во Молдавија и за попречување на тековните напори на Русија да се меша во демократските институции и изборниот процес на Молдавија“.