СКОПЈЕ - На прес конференција која се одржа во седиштето на партијата „Демократско движење“ наместо во штабот на Коалицијата на плоштадот „Скендербег“, лидерите на политичките партии членки на „Вреди“ го признаа поразот во првиот круг на претседателските избори на нивниот кандидат Арбен Таравари во однос на кандидатот на ДУИ, Бујар Османи.
На прес конференцијата тие ја обвинија ДУИ за криминал, насилство и поткуп на гласачи но и нагласија дека победиле во голем дел од општините со чисто албанско гласачко тело.
Your browser doesn’t support HTML5
„Победникот сме ние од коалицијата ВЛЕН. ВЛЕН ги освои гласовите на Албанците. ДУИ го загуби легитимитетот да ги претставува Албанците. Овој резултат да се преточи во мандат на пратеници, тоа е мала разлика. ДУИ ја уништи можноста на овие избори да биде избран претседател Албанец. Оваа трка важеше денеска и уште повеќе ќе важи на 8 мај“, изјави Биљал Касами, претседател на „БЕСА“ и градоначалник на Тетово.
Кандидатот Таравари пак кажа дека засега не планира да се повлече од политиката бидејќи сеуште треба да се одржат парламентарните избори и додаде дека раководството на Коалицијата „Вреди“ допрва ќе изгради став кон кој од двајцата кандидати во вториот круг на претседателските избори ќе ги насочи гласовите на своите проврзаници.
Your browser doesn’t support HTML5
„Земјотресот по се изгледа дека денеска почна со масовното учество на граѓаните во изборите, а се надевам дека на 8 мај ВЛЕН ќе победи и ќе дојде долго очекуваната промена ДУИ да биде во опозиција“, изјави Аребн Таравари.
Од Коалицијата „Вреди“ нема најава за евентуални приговори за нарушување на изборниот процес.