Инфлацијата забавува во глобални рамки, посочи гувернерката за Гласот на Америка

Your browser doesn’t support HTML5

Преземените монетарни мерки, заедно со намалувањето на цените на храната и на енергентите на светските берзи, влијаеа инфлацијата да се сведе на 3%, посочи Анита Ангеловска-Бежоска во интервју за Гласот на Америка на маргините на годишните пролетни средби на Светската банка и ММФ во Вашингтон.

Бежоска вели дека женското претприемништво е глобално прашање за што има голема широка дискусија, дебата и емпириски проценки. Поголема вклученост на жените во сферата на претприемништвото, би можел да резултира со глобален раст кој би бил за 5 до 6 трилиони долари. Ако се анализираат глобалните статистики, не само во Македонија, туку и во глобални рамки, вклученоста на жените во претприемништвото е многу мала. Околу 30% од компаниите, сопственици се жени. Слични се бројките и на Западен Балкан. Јасно е дека сите носители на политиките во рамки на своите надлежности, неопходно е да преземаат повеќе мерки. Поголемата вклученост на жените во домашната економија, може да даде позначајни видливи резултати. Само 45% од жените се активно вклучени на пазарот на трудот, што е многу ниска стапка на вклученост, особено ако се земе во предвид проблемот со имиграцијата и недостатокот на работна сила. Народната банка склучи договор со Европската централна банка чија цел е да олесни пристапот на жените до финансии.

Според неа, инфлацијата забавува во глобални рамки. Забавува и кај нас, од високите глобални стапки кои што беа регистрирани околу 20%. Инфлацијата во првиот квартал е сведена на 3,4%, што е поволен тренд но ризиците се уште постојат и потребно е внимателно водење на макроекономските политики, додава гувернерката за Гласот на Америка.