Тошковски се уште се сомнева за изборите

Your browser doesn’t support HTML5

Министерот, кој е кадар на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, повтори дека одговорноста ја гледа кон владата зашто таа, како што вели, не му дозволила, како што е законски утврдено, да назначи началници на секторите за внатрешни работи на територијата на целата земја.

„Јас не можам, а да не верувам дека во наредниот период ќе се даде максимум од страна на МВР. Она што го говорев од аспект на загриженост го говорев се однесува на владата, на нејзинто незаконито однесување и на нејзината проценка дека само СВР Тетово не треба да има соодветен легитимитет кој би требал да ја пренасочи одговорноста од гледна точка на гаранцијата за спроведување на фер и демократски избори – односно јас да поставам началник на СВР Тетово, дополнителниот заменик-министер да постави началник на СВР Тетово и ние да гарантираме за законитост на постапката. Зошто владата одлучи незаконски да ја донесе одлуката, тоа треба неа да ја прашате. Сите ќе се согласите дека фактот што на тоа СВР е поставен началник само еден месец пред јас да дојдам за министер, дополнително го зголемува сомнежот дека ова не е случаен настан.“, изјави Тошковски.