До полноќ во ДИК, кога истекуваше рокот, се пријавиле толку кандидатски листи. Повеќето од нив – 13 ќе се натпреваруваат во сите шест изборни единици, останатите 4 решиле дека ќе имаат кандидатски листи само во неколку, а не во сите изборни единици. Меѓу партиите и коалициите кои доставиле кандидатски листи за сите шест изборни единици се оние за кои се предвидува дека ќе ги распределат 120 пратенички мандати - коалциите предводени од СДСМ, од ВМРО-ДПМНЕ, од ДУИ, од опозицијата во албанскиот блок, Левица и ЗНАМ на Максим Димитриевски.
Вчера во седиштето на ДИК се појавија сите седум кандидати за претседател на државата за да стават потпис на Кодекстот за фер и демократски избори, настан кој делумно беше успешен зашто на документот не се потпиша кандидатот на ГРОМ, Стевче Јакимовски, но и затоа што неколкумина од останатите учесници во трката изразија сомнеж дека процесот ќе биде демократски. На 24 април ќе се одржи првиот, а на 8 мај вториот круг претседателски избори заедно со парламентарните избори, први што ќе се одржат во редовен термин од 2006 година.