Северна Македонија: Променет изборен законик

Your browser doesn’t support HTML5

Измените донесени по брза постапка, со поддршка и на мнозинството и на опозицијата. Што содржат измените? Како може да се гласа? Детали од Владимир Мирчески од Скопје.

Се намали опасноста проблемот со издавањето на лични документи со новото уставно име, процес закочен поради илјадниците барања и недостатокот на образци, да се одрази врз претстојните претседателски и парламентарни избори и правото на граѓаните да гласаат. Собранието денеска, со огромно мнозинство, ги усвои измените на Изборниот законик кои меѓу другото предвидуваат преодна одредба - избирачите да може да гласаат со лична карта или пасош чија важност истекла во периодот од 9 месеци до денот на одржувањето на изборите.