Премиерот и министерот за внатрешни работи во кавга околу личните документи во Северна Македонија

Your browser doesn’t support HTML5

Тошковски вели дека постои можност повеќе од 100 000 граѓани да не гласаат на претстојните претседателски и парламентарни избори поради проблеми со личните карти со новото име. Премиерот Џафери тврди дека има доволно време да ги добијат документите со кои ќе може да гласаат.

„Статистиките кои се показател на работата на МВР зборуваат дека од 1 февруари до 29 февруари вкупно барања за патни исправи има 123 983, од кои изготвени се 95 267 патни исправи. Примени барања за лични карти има 82 235, а изготвени лични карти се 71 410“, вели Џафери.

Државната изборна комисија бара измени на Изборниот законик – внесување на преодна одредба, само за овие избори, за важење на личните документи со старото име.

„На најмалку 100 000 луѓе ќе им биде ускратено правото на глас, без уво да им чуе на пратениците и на функционерите кои до вчера не убедуваа декасе е розово во државата. Како не им е срам. Нека си ја сработат работата за која плата земаат“, револтирано праша Тошковски.