Белата куќа ја зајакнува кибернетската безбедност на пристаништата во САД

Претседателот Џо Бајден во среда треба да потпише извршна наредба за зголемување на сајбер - безбедноста на пристаништата и другите поморски објекти во САД.

Белата куќа продолжува со реформите насочени кон зајакнување на кибернетската безбедноста на пристаништата во САД, од кои некои, веќе се изложени на ризик на напади од хакери поврзани со Кина.

Претседателот Џо Бајден во среда треба да потпише извршна наредба за зголемување на сајбер - безбедноста на пристаништата и другите поморски објекти во САД.

Наредбата, исто така, ќе и овозможи на крајбрежната стража да врши инспекции на објектите и бродовите, па дури и да го ограничи движењето на пловните објекти за кои постои сомневање дека претставуваат сајбер - закана за САД.

„Континуитетот на операциите од хакерите врз американските пристаништа има јасно и директно влијание врз успехот на нашата земја, економија и национална безбедност“, изјави за новинарите заменик-советничката за национална безбедност на Белата куќа, Ен Нојбергер.

„Сајбер напад може да предизвика исто толку, ако не и повеќе, штета отколку бура или друга физичка закана. Во САД има повеќе од 300 пристаништа, каде што се проценува дека се вработени околу 31 милион Американци“, изјави Нојбергер.

Официјалните лица велат дека овие пристаништа придонесуваат за економијата на земјата со околу 5,4 трилиони долари, додека служат како главна влезна кота за продукти од целиот свет.

„Секое нарушување на системот за поморски транспорт, без разлика дали е физичко или во сајбер просторот, има потенцијал да предизвика ефекти врз нашите домашни или глобални синџири на снабдување“, рече адмиралот Џон Ван, командант на Крајбрежната кибернетска команда.