Таравари - кандидат за претседател на Северна Македонија

Your browser doesn’t support HTML5

Арбен Таравари влегува во претседателската трка. Се уште актуелниот лидер на Алијанса за Албанците, партија која се подели на две крила – едно што застана зад него и друго зад Зијадин Села, ќе биде кандидат на здружената опозиција на партиите на Албанците.

Кој, се е во, игра во трката за претседател на Северна Македонија?

Неофицијално, во одредени кругови, како можен кандидат на ДУИ се спомнува шефот на дипломатијата Бујар Османи. И владејачкиот СДСМ се уште не пресекол кого ќе поддржи на претседателските избори – проценките се дека е речиси извесно дека шефот на државата Пендаровски ќе бара втор мандат од граѓаните. Се очекува и одлуката на ВМРО-ДПМНЕ која, најверојатно, ќе оди со истиот кандидат од изборите 2019 – пратеничката Гордана Силјановска Давкова. Досега, покрај Таравари, намерата да влезе во трката за позицијата претседател на државата, ја обелодени и професорката Билјана Ванковска, како кандидатка на Левица. Собранискиот спикер, Митрески, вчера ги распиша двојните избори. Првиот круг претседателски ќе се одржи на 24 април, вториот, заедно со изборите за пратеници ќе биде на 8 мај.