Претстојните претседателски избори се седми на кои, од независноста, граѓаните гласаат за шеф на државата, позиција која досега ја извршуваа Киро Глигоров, Борис Трајковски, Бранко Црвенковски, Ѓорѓе Иванов и Стево Пендаровски.
Засега, само професорката Билјана Ванковска ја официјализираше намерата да „трча“ за врвната позиција во земјава како кандидат на Левица. Како најсериозен кандидат на ВМРО-ДПМНЕ се смета Гордана Силјановска Давкова. Актуелниот претседател Пендаровски се уште официјално не потврдил дека ќе бара втор мандат.
Идните парламентарни избори, пак, ќе бидат 11 по ред и први што ќе се одржат во редовен термин по 2006-та.