Републиканците во Претставничкиот дом гласаа за импичмент на секретарот за внатрешна безбедност Мајоркас

Републиканците во Претставничкиот дом на САД во вторникот вечерта гласаа за импичмент на секретарот за внатрешна безбедност Алехандро Мајоркас, тврдејќи дека тој е одговорен за рекордниот прилив на илегални мигранти кои ја преминале границата меѓу САД и Мексико во изминатата година.

Гласањето беше „Да“ - 214, Против - 213.

Гласањето за отповикување помина и покрај тоа што тројца републиканци застанаа на страната на демократите.

Тврдокорните конзервативни републиканци го напаѓаат со месеци, но не успеаја за еден глас минатата недела да го отповикаат од функцијата.

Гласањето во вторникот беше повторно тесно, но беше во корист за отповикување на 64-годишниот член на Кабинетот со враќањето на водачот на републиканското мнозинство Стив Скализ на работа, кој го пропушти гласањето минатата недела бидејќи се лекува од рак.

Мајоркас, кој стана само вториот член на Кабинетот во историјата на САД кој е отповикан од Претставничкиот дом по секретарот за одбрана Вилијам Белкнап во 1876 година, минатата недела нагласи дека нема да поднесе оставка.

Сенатот е под контрола од демократите, со мнозинство од 51 спрема 49.

Речиси сигурно ќе гласа против импичмент на Мајоркас.