Координаторот за стратешки комуникации на националниот Совет за безбедност Џон Кирби во ексклузивно интервју за Гласот на Америка се осврнува за привременото стопирање на помошта за Газа поради хуманитарните работниците на ОН коишто биле инволвирани во активности на Хамас, па се до одговорот од САД по загинувањето на тројца американски војници во база во Јордан, за заглавената помош за Украина во Конгресот но и за текот на преговорите за финансирање на безбедносните поддршка за јужната граница на границата САД.
Глас на Америка: Рековте на најавата на Хезболах да престане да ги напаѓа американските трупи во регионот, ќе ја земете со резерва. Рековте дека не сте разговарале со Ирачаните за да ги притиснат Хезболах на ваква одлука, но дали оваа најава ја припишувате на претседателот Бајден, кој цврсто сигнализира дека е подготвен за одговор по нападот врз американската база во Јордан?
КИРБИ: Тешко е да се знае точно зошто Хезболах ја објави најавата. Тие треба сериозно да ја сфатат решителноста на САД и претседателот Бајден да ги заштитиме нашите трупи, нашите капацитети, нашите интереси во регионот.
Глас на Америка: Не ја припишувате одговорноста за нападот на Хезболах. Тоа го припишувате на нивната сестринска група, „Исламскиот отпор во Ирак“ –
КИРБИ: Разузнавачката заедница на САД е уверена дека „Исламскиот отпор во Ирак“ е одговорна за овој напад, и како што знаете, има неколку групи кои имаат активности под тој назив.
Гласот на Америка: Рековте дека одговорот на САД ќе биде повеќеслоен во одреден временски период. Можеме ли да претпоставиме дека она што претседателот има намера да го направи е да нападне повеќе различни групи во Иран и во регионот?
КИРБИ: Нема да навлегувам во конкретните активности што ќе ги преземеме, и како ќе изгледа одговорот. Како што реков, првото нешто што ќе го видите нема да биде последното што ќе го видите.
Гласот на Америка: Рековте и дека нападите врз нив, нема да ги загрозат преговорите за заложниците со Хамас, но зарем, овие групи ја немаат истата идеологија?
КИРБИ: Она што го реков е дека нема причина она што го правиме за да ги заштитиме нашите трупи и нашите капацитети, да влијае на преговорите што треба да се обидеме да постигнеме уште еден договор за заложниците и веруваме дека и двете се важни работи.
Гласот на Америка: Но, дали тогаш велите дека едното може да го искомплицира другото?
КИРБИ: Велам дека нема причина да има ефект врз заложничките преговори во кои се наоѓаме со одговорот на овој страшен напад во кој загинаа тројца американски војници.
Глас на Америка: Рековте дека финансирањето на агенцијата на ОН за помош - УНРВА нема да продолжи додека не се направат фундаментални промени во Агенцијата. Но, тие фундаментални промени може да потраат некое време за да се спроведат. Значи, што сте подготвени да направите да не дозволите сирачињата да гладуваат?
Неприфатливо е некој вработен во УНРВА да биде вклучен во нападите на 7 октомври, но ќе почекаме и ќе видиме како ќе оди истрагата. Ќе почекаме и ќе видиме какви мерки за одговорност ќе преземат ОН, и конкретно УНРВА, се подготвени да воведат.Кирби за суспендирање на помошта од САД за Агенцијата на ОН
КИРБИ: Се разбира дека ние сме водечка нација во светот кога станува збор за доставување на хуманитарна помош за жителите на Газа. Ѝ, УНРВА врши суштинска работа на теренот во Газа. Недвосмислено е дека тие помагаат да се спасат илјадници животи. Тие се главниот дистрибутер на помош во Газа. И ние го препознаваме тоа. Сакаме да го сфатат ова сериозно. Неприфатливо е некој вработен во УНРВА да биде вклучен во нападите на 7 октомври, но ќе почекаме и ќе видиме како ќе оди истрагата. Ќе почекаме и ќе видиме какви мерки за одговорност ќе преземат ОН, и конкретно УНРВА, се подготвени да воведат. Но, ние ќе продолжиме да правиме се што можеме за да доставиме безбедносна помош во Газа и секако сакаме огромното мнозинство вработени во УНРВА, кои немаат врска со Хамас, да можат да продолжат да ја вршат својата работа. Суспендирањето на финансирањето е токму тоа, тоа е суспензија, додека трае оваа истрага. И како што реков денес, таа мала сума пари што остана да се суспендира навистина не беше наменета за Газа и онака, беше наменета за Јордан преку УНРВА.
Глас на Америка: Но, признавате дека запирањето на американското финансирање влијае врз нивната работа на терен?
КИРБИ: Тоа влијае само на работата во Јордан, бидејќи е суспензија, а нема никаква врска со Газа. Парите што ни останаа да ги трошиме – што ги суспендиравме – се веќе однапред наменети за УНРВА за активности во Јордан, а не за Газа. Ќе носиме политички одлуки за идното финансирањето понатаму врз основа на истрагата.
Гласот на Америка: Да се навратиме на помошта за Украина и јужната граница на границата САД. Изгледа дека републиканците во Претставничкиот дом отфрлаат секаков вид погранични компромиси поврзани со помошта за Украина, бидејќи тие навистина не сакаат да му дадат на претседателот да извојува победа во изборна година. Дали имате излез од оваа ситуација?
Од клучно значење е да го обезбедиме ова финансирање, за Украина, за Израел, за Индо-Пацификот и секако за безбедноста на границите на САД.Кирби за преговорите во Конгресот за финансирањето
КИРБИ: Не можам да зборувам за изборна политика или што може да стои зад мотивациите. Од клучно значење е да го обезбедиме ова финансирање, за Украина, за Израел, за Индо-Пацификот и секако за безбедноста на границите на САД. Претседателот преговара со добра волја. Веруваме дека тие дискусии се одвиваат добро и се надеваме дека ќе добиеме резолуција релативно брзо. Она што ќе се случи во Претставничкиот дом ќе зависи од спикерот Џонсон, а спикерот Џонсон не беше доследен за преговорите околу границата. Тој мора да се изјасни за недоследностите во неговите пораки. Но, ние преговараме со добра волја, веруваме дека тие преговори напредуваат, и на тоа сме фокусирани.
Глас на Америка: Дали сè уште се држите до тој пристап во преговорите или би размислиле да испратите нова одделна помош, само за Украина?
КИРБИ: Не би зборувал сега до каде сме. Ние сме во средината на преговорите во моментов, кои не се завршени. Затоа, не би сакал да навлегувам во шпекулации и што би можело хипотетички да се случи.
Глас на Америка: Можете ли да го потврдите известувањето дека претседателот Кси му ветил на претседателот Бајден дека Кина нема да се меша во претстојните избори во САД?
КИРБИ: Претседателот Бајден разговараше со сите вас од медиумите откако се сретна со претседателот Кси, и немам дополнителен контекст да споделам. Сè што можам да ви кажам е дека ја сфаќаме легитимноста на нашиот изборен систем овде во САД многу сериозно. Бевме јасни, јавно и приватно, со соговорниците ширум светот дека ќе направиме се што треба да направиме за да се осигураме дека нашите избори ќе бидат слободни и фер.
Гласот на Америка: Новиот извештај објавен од тимот за мониторинг на санкции на ОН вели дека Ал Каеда формирала осум нови кампови за обука и нова база за складирање на оружје во Авганистан. Дали имате повеќе информации за ова?
Вистинската закана од Ал Каеда е начинот на кој таа е метастазирана во други групи на други места во регионот, како Ал Шабаб и во Сомалија.Кирби за заканата од Ал-Каеда
КИРБИ: Свесни сме за овој извештај. Мислам дека е важно да се запамети дека Ал Каеда има намалени активности во Авганистан и на други места. Всушност, вистинската закана од Ал Каеда е начинот на кој таа е метастазирана во други групи на други места во регионот, како Ал Шабаб и Сомалија.
Глас на Америка: Претседателот Бајден најави дека ќе учествува во достоинственото префрлање на посмртните останки на тројцата загинати американски војници во САД. Како мислите дека тоа ќе влијае на расположението на Американците за конфликтот на Блискиот Исток?
КИРБИ: Сигурен сум дека тоа ќе ја нагласи - благодарноста на Американците за учеството и, во многу случаи, жртвата што мажите и жените во униформи ја демонстрираат во нивно име, за да бидат безбедни. Во овој случај, овие три храбри поединци кои нема да се вратат живи дома кај своите семејства. Мислам дека тоа е секако потсетник за опасноста за овие млади мажи и жени. Таму сè уште е опасна средина. Тие сè уште се на мета на овие милитантни групи. Се надевам дека тоа е исто така потсетник за тоа колку ревносно работи претседателот Бајден за да спречи конфликтот меѓу Израел и Хамас да ескалира и да се прошири во поширок регионален конфликт. Ние не бараме војна со Иран. Не сакаме да видиме поширок конфликт, а речиси се што направи претседателот од седми октомври наваму, беше дизајнирано да го спречи тоа.