Рускиот суд му го продолжи притворот на новинарот Еван Гершкович

Рускиот суд во петокот му го продолжи притворот на новинарот на Волстрит журнал Еван Гершкович за два месеци.

Московскиот суд пресуди дека Гершкович ќе остане зад решетки под обвинение за шпионажа до крајот на март, со што неговиот притвор е една година.

Гершкович и Волстрит Журнал ги отфрлија обвинувањата против него. Русија не обезбеди никакви докази во кривичниот случај.

Генералниот конзул на САД Стјуарт Вилсон присуствуваше на сослушувањето во петокот, според Асошиетед прес. 32-годишниот Гершкович бил уапсен додека бил на известување во рускиот град Екатеринбург.

Тој е задржан во озлогласениот затвор Лефортово во Москва.