Балтичките држави ќе градат нова одбрабена линија долж границите со Русија и Белорусија

Летонија и Литванија граничат со двете земји, додека Естонија се граничи само со Русија.

Трите балтички држави во петокот се согласија да изградат нова одбранбена линија на нивните граници со Белорусија и Русија, со оглед на загриженоста за безбедноста во регионот поради руската инвазија на Украина.

Руската агресија во регионот предизвика загриженост во балтичките земји дека тие би можеле да бидат следни на агендата на Москва доколку победи во Украина.

„Министрите потпишаа договор во Рига, според кој, Естонија, Летонија и Литванија ќе изградат анти-мобилни одбранбени инсталации во наредните години за одвраќање и, доколку е потребно, одбрана од воени закани“, се вели во соопштението на естонското Министерство за одбрана.

Се додава дека инсталациите ќе бидат на границите со Русија и Белорусија. Летонија и Литванија граничат со двете земји, додека Естонија се граничи само со Русија. Во соопштението не се наведени детали за инсталациите.

Балтичките земји -- сите поранешни советски републики и сега членки на НАТО и на Европската унија -- беа цврсти поддржувачи на Украина од првиот ден на инвазијата пред речиси две години.

„Руската војна во Украина покажа дека, покрај опремата, муницијата и работната сила, потребни се и физички одбранбени инсталации на границата“, рече естонскиот министер за одбрана Хано Певкур, цитиран во изјавата.

Проектот го најави и неговиот латвиски колега Андрис Спрудс.

„Ќе воспоставиме - балтичка одбранбена линија за да го одбраниме источното крило на НАТО и да ја оневозможиме слободата на движење на нашите противници“, рече тој на X, поранешен Твитер.