ВАШИНГТОН - Белата куќа не сакаше директно да го коментира мислењето на редакцијата на весникот „Вашингтон пост“ дека политиката на администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден кон Србија се повеќе изгледа како неуспешна. „Нашиот пристап низ цела Европа, и секако во однос на балканскиот регион, е конзистентен“, изјави портпаролот на Советот за национална безбедност Џон Кирби за Гласот на Америка во кус одговор на прашање за коментар на текстот на угледниот американски весник, објави српската редакција на Гласот на Америка.
„Нашиот пристап низ цела Европа, и секако во однос на балканскиот регион, е конзистентен“,Џон Кирби за Гласот на Америка
Во уредничкиот коментар на Вашингтон пост се наведува дека „политиката на господинот Бајден била да го прифати авторитарниот претседател на Србија, Александар Вучиќ, во обид да ја одвои земјата од Русија“. „Таа политика се повеќе наликува на неуспешна“, се нагласува во текстот.
Според написот од српската редакција на Гласот на Америка, „Вашингтон пост“ потсетува дека кога Бајден стана претседател на САД во 2021 година, администрацијата го идентификуваше „нестабилниот Западен Балкан како одговорност за Европа“.
„Официјалните лица видоа дека Србија, најголемата земја во регионот, тврдоглаво останува во руската орбита. Тие се загрижени дека Русија речиси сигурно ќе ја поддржи својата држава-клиент, доколку повторно избие насилство во регионот. Сите овие грижи станаа уште по акутни по руската инвазија на Украина“, се наведува.
Пост потсетува дека во последните две недели во Белград имаше протести поради како што независните набљудувачи ги нарекоа „бројни нерегуларности“, како и дека на 24 декември полицијата насилно ја растера толпата која се обидуваше да упадне во белградското Собрание.
„За жал, сцените од судири на полицијата со демонстрантите станаа секојдневие во Србија. Но, овој пат, г-дин Вучиќ и премиерката Ана Брнабиќ тврдеа дека протестите се обид за соборување на владата - и имплицитно го обвинија Западот за тоа“, се вели во текстот.
Исто така, се наведува дека Вучиќ „мрачно навестил дека странските сили, ако не и нужно соучесници, прво ги отфрлиле неговите приватни предупредувања за немири и ја прославиле дестабилизацијата на Србија“.
Вучиќ постојано ги уверувал западните соговорници дека максимално, се бори „да ја внесе Србија во Европската унија, каде што ѝ припаѓа, и дека тој е нивниот единствен доверлив партнер“.Вашингтон Пост
„Изјавите на г-ѓа Брнабиќ неколку дена пред спогодбата помагаат да се разјасни што инсинуира господинот Вучиќ. Таа им се заблагодари на руските безбедносни служби за давање разузнавачки информации што укажуваат на тоа дека опозицијата се подготвува да организира протести во Белград со цел да ја преземе власта преку револуционерни методи“. Ден по говорот на Вучиќ, рускиот амбасадор во Србија на руската државна телевизија изјави дека српскиот претседател му рекол дека има „неспорни информации“ дека Западот ги поттикнал протестите. Се додава дека Вучиќ, „поттикнувајќи огорченост кон наводно недоверливиот Запад и усогласувајќи се со Москва, добива поени од националистичкото мнозинство додека ги слика своите демократски противници како марионети на странски интереси“.
Сепак, во приватните разговори, според весникот, Вучиќ постојано ги уверувал западните соговорници дека максимално, се бори „да ја внесе Србија во Европската унија, каде што ѝ припаѓа, и дека тој е нивниот единствен доверлив партнер“.
Иако неколку опасни кризи во изминатата година во соседно Косово имаа српски печат, САД избегнаа да префрлат премногу вина на која било страна, претпочитајќи да повикаат на смиреност.
Вучиќ, сепак, постојано одбиваше да се приклучи на западните санкции против Русија, иако го смири Западот дозволувајќи му на српското оружје да стигне до Украина преку посредници.