По пресудата на Управниот суд, претседателот на Судскиот совет, Сашко Георгиев, на итна седница на Судскиот совет која се одржа попладнево поднесе оставка на функцијата. Членовите на Советот го прифатија неговот барање за оставка.
Your browser doesn’t support HTML5
„На крајот, би сакал да истакнам дека имавме многу одлуки на Советот при што, јас како претседател, постапував еднакво како сите вас, но имаше и случаи да имам и посебно милсење и гласав спортивно на одлуките на Советот. И за нас и за јавноста треба да кажам дека не сум имал притисоци или влијанија, или пак тоа сум го дозволил. Исклучително совесно и прогесионално го застапував и работев во Советот како претседател. Колеги, знам и сум убеден дека сме можеле повеќе, но времето ќе покаже како сме работеле. Да сме живи и здрави и ви благодарам на довербата. Очекувам советот да продолжи да работи и да се носи со сите предизвици.“, изјави Сашко Георгиев, поранешен претседател на Судскиот совет.