Aмериканскиот државен секретар Ентони Блинкен пристигна во Северна Македонија, го пречека премиерот Ковачевски

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен попладнево допатува во Скопје каде ќе присуствува на триесеттиот Министерскиот ссовет на ОБСЕ а прв му посака добредојде премиерот Димитар Ковачевски со кого ја имаше и првата средба во рамките на престојот во Северна Македонија.

На средбата, државниот секретар Блинкен го поздрави успешното претседавање на Северна Македонија со ОБСЕ и нејзиниот конструктивен пристап во реализацијата на агендата и адресирањето на предизвиците со кои се соочува Организацијата.

Државниот секретар Блинкен посочи дека САД ќе продолжат да ја поддржуваат Северна Македонија во нејзините следни чекори кои треба да го обезбедат членството во ЕУ и искажа голема почит за храбрите и државнички одлуки кои Владата ги презема за исполнување на таа цел. САД високо го ценат придонесот на Република Северна Македонија како НАТО сојузник, но и во регионален контекст како фактор на стабилност на Западен Балкан.

Премиерот Ковачевски и дравниот секретар Блинкен ги истакнаа одличните односи меѓу двете земји и разговараа за поддршката која САД ја даваат во континуитет на Северна Македонија на патот кон членството во Европската унија и спроведувањето на потребните реформи.

„На средбата попладнево уште еднаш ги истакнавме нашите одлични односи и разговаравме за поддршката која САД ја даваат во континуитет на Северна Македонија на нашиот пат кон полноправно членство во ЕУ и спроведувањето на потребните реформи.Република Северна Македонија е високо ценета како НАТО сојузник, но и во регионален контекст како фактор на стабилност на Западен Балкан“, соопшти премиерот Ковечвски преку неговата официјална страница на социјалната мрежа „Фејсбук“.

Блинкен и Ковачевски изразија обострано задоволство од започнувањето на Стратешкиот дијалог меѓу Северна Македонија и САД, кој ќе ги продлабочи пријателските односи, подобрување на взаемните политички, економски и други форми на дијалог, образовни и културни врски на двете земји.

Државниот секретар Блинкен потоа имаше средба со шефот на дипломатијата Бујар Османи, во својство на претседавач со ОБСЕ, со што и официјално почна неговото учеството на состанокот на ОБСЕ.

Блинкен, на средбата со министерот Османи, потенцираше дека е завршена исклучително добра работа со претседавањето со ОБСЕ и нагласи дека САД силно го поддржуваат зајакнувањето на демократските институци во Северна Македонија. Тој нагласи дека државата може да смета на САД како силен партнер и а потврда за тоа е неговото присустви вечерва во Скопје.

Блинкен вечерва ќе присуствува на неформалната вечера во хотелот „Александар Палас“ која му претходи на Министерскиот совет, кој официјално почнува утре. Засега нема најава дека тој ќе одри средба со шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров.

По завршувањето на Министерскиот совет на ОБСЕ државниот секретар Блинкен ќе отпатува во посета на Израел.