Наместо да биде готов како што македонските власти ветија до крајот на 2023 година, автопатот Охрид - Кичево, сега, според најавите на премиерот, Димитар Ковачевски, ќе оди на ревизија.
Your browser doesn’t support HTML5
Тој не ја исклучува можноста да биде раскинат и договорот со кинеската компанија, Синохидро, која цела деценија, ја гради 57 километри, долгата делница и барање на изведувач кој што патот ќе го направи на квалитетен начин.
На десетта година имаме изведувачи од Кина, кои се уште не го завршуваат автопатот и затоа треба да се направи ревизијаКовачевски, премиер
„А не да гледаме десет години пат кој се прави, во кој се инвестираат пари, а досега не е пуштено ниту едно метро автопат на делницата Охрид - Кичево. На десетта година имаме изведувачи од Кина, кои се уште не го завршуваат автопатот и затоа треба да се направи ревизија и врз основа на да се донесе одлука, како да се продолжи, а една од опциите е секако и раскинување на тој договор. Таа ревизија ќе покаже точно кои се елементите кои предизвикале да има толкаво доцнење на патот“, изјави премиерот на Димитар Ковачевски.
Договорот за изведба на овој автопатот беше изгласан во Собранието, но премиерот не кажа, дали поради евентуалното негово раскинување, државата би плаќала пенали, кон кинеската компанија.
„Самиот договор претставува закон и секоја негова промена, секој негов анекс се одобрува од пратениците. Меѓутоа, после 10 години сметам дека е недозволиво пратениците да разгледуваат повторно продолжување на нешто што требало да се заврши пред многу години. Затоа е потребна ревизија, врз основа на која ќе се предложат решенија, кои ќе значат конечно завршување на овој автопат“, изјави премиерот на Димитар Ковачевски.
На иста линија со премиерот е и првиот вицепремиер, Артан Груби, според кого е крајно време Владата и Собранието, да го разгледаат тој договор, па ако треба и да се раскине и да се даде на друг.
Затоа што ова веќе е скандалозно и апсолутно неприфатливоГруби, вицепремиер
„Затоа што ова веќе е скандалозно и апсолутно неприфатливо. Треба да ги носат дома и тие што при проектирање грешат и да се започне кривична постапка за погрешно проектирање. Единаесет нови свлечишта на Кичево-Охрид. Тоа е неприфатливо. Кога ги почнавме преговорите со Бехтел и Енка за изградба на коридорите 8 и 10 ни рекоа да се обложиме, дека ние ќе го завршиме автопатот, пред вие да го завршите кинескиот автопат. Мислев, дека се шегуваат. Испадна дека ќе е вистина тоа“, истакна Артан Груби, прв заменик-претседател на Владата.
Автопатот Охрид-Кичево почна да се гради во 2014 година со кредит од кинеската Ексим банка. Првично требаше да биде готов до 2018 година, за потоа рокот да биде продолжен до јуни 2021 година, а потоа до декември 2023 година. Досега за неговата градба се предвидени 600 милиони евра.
Меѓу главните забелешки на едно истражување на Институтот за демократија, „Втурнати во ќорсокак: „Заблудената верба во кинескиот корозивен капитал за изградбата на автопати во Северна Македонија“, е непостоењето транспарентност на договорите и на целиот процес што следи потоа.
Во ова истражување, за кое Гласот на Америка веќе пишуваше, се вели дека Брисел внимава на Северна Македонија, кога станува збор за кинески заеми. Договорите за заеми со Кина се скроени за излегување во пресрет на интересите на Пекинг и тие често вклучуваат, одредби, кои се против правото на ЕУ.
Проблеми со кинески кредит за изградба на автопат имаше и Црна Гора, чија што Влада уште во 2021 година побара помош од ЕУ, за исплата на кредитот, бидејќи и таму беше пробиен рокот за изградба, а се бараше зголемување и на цената на чинење.