Голема посетеност за викендот посветен на Македонскиот Филм во Торонто

Врба“, првата од трилогијата на Милчо Манчевски, го зазеде местото на „Најсреќниот човек на светот“ на Теона Стругар Митевска, кој беше откажан поради технички тешкотии.

На вториот ден на филмската смотра на македонскиот филм во Торонто, се чекаше редица за билет повеќе.

Актери, продуценти, режисери, љубители на филмот во киното Карлстон. Фестивалот покажа зошто е единствен од овој вид во Северна и Јужна Америка.

Атрибутот „македонски“ му дава посебна егзотика, упатувајќи на нераскинливата врска на неговите творци и уметници со татковината.

Your browser doesn’t support HTML5

Посетителите со импресии за Македонскиот филмски фестивал во Торонто

Публиката беше разнолика. Од некои, што многу години живеат во Торонто, до посетители на градот.

Вториот ден, Фестивалот го отвори Северниот Пол“ на режисерката Марија Апцевска, интимна приказна за прифаќањето и припадноста, раскажана од перспектива на една тинејџерка Марго, која ја игра амбициозната млада актерка, Антонија Белазелкоска.

Иако филмот е наменет за тинејџери, режисерката смета дека прашањата што ги поставува, се релевантни за секоја возраст. „Северниот пол“ ја имаше, премиера во Фестивал на Кан во официјалната селекција за краток филм.

На репертоарот требаше да се најде и „Најсреќниот човек на светот“, на Теодора Стругар Митевска.

Но, „Врба“, првата од трилогијата на Милчо Манчевски, го зазеде местото на „Најсреќниот човек на светот“ на Теона Стругар Митевска, кој беше откажан поради технички тешкотии.

Краток синопсис на „Врба“

Три жени се справуваат со прашања за контрола врз нивните тела, традиција и посвојување. Тие не тргнале да го менуваат светот, но нивната борба да станат мајки ги прави неверојатни хероини. Три приказни сместени во Македонија - една средновековна, две современи - истражувајќи ги темите на љубовта, довербата и мајчинството.

Авантурата, полна со изненадувања и предизвици, и низата „бисери“ коишто стануваат мост меѓу две цивилизации, за една жена со личен „бисер“, кој кулминира со романса во Македонија. Вака може да се сублимира 73-минутниот долгометражен „Брод со бисери“ на режисерот Александар Зиков за - Регина, новинарка и писателка, инспирирана од „специјален подарок“, стаклена репродукција на чудесната „Кулата на Моминиот“ на Босфорот, па решава да отпатува во Истанбул за да истражува и да пишува за скриената историја. Нејзината потрага е демистификација на тајните во ремек-делата и судбината на извонредните историски личности, маестрално прикажани од режисерот Зиков.

Во ударниот вечерен термин на Фестивалот, „Бизнисот на задоволството„ на режисерот Гоце Цветановски го затвори 18 годишниот Филмски Фестивал на македонскиот филм во Торонто. Овој филм кој веќе има 5 меѓународни награди со мотото – „Се е на продажба“, екранизира амбициозна новинарка откако ја загубила својата најдобра пријателка како жртва на трговија со луѓе. Елени, работи опсесивно на нејзината цел да ја разбие мрежата на сексуално ропство. За жал, истрагите секогаш влегуваат во ќорсокак: ниту една од жртвите не се осмелува да зборува, но, ситуацијата излегува од контрола додека се откриваат нивните вистински идентитети, што го задржува вниманието до крај на секој вистински љубител на филмот.

Вистинско освежување на Фестивалот беше 13-минутниот кратко-метражен филм „Баскет“ на Димитар Банов, за растењето и страста. Мотивот е базиран на нетрпеливоста на децата да докажат и постигнат нешто пред времето, и го карактеризира македонски менталитет во едно соседство. Приказната е сместена во текот на летото, во маало во Скопје, околу игралиштето и теренот за кошарка на отворено.

Ова беше викенд во Торонто, посветен на филмот, а кога заврши, секој замина, со свои импресии и очекувања за нови филмски доживувања.

Само филмот ја поседува моќта да ги извојува сите можни сплотувања на световите, да преплива океани и да изгради мостови на трајни пријателства, велат посетителите.